Во болниците има 330 заболени од ковид-19, Филипче најави мобилизација на сите здравствени капацитети

899

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека во последниве два дена здравствените власти интензивно работат на реорганизација во здравствените усанови за да се одговори на напливот на заболени од коронавирусот кој во последните 24 часа е дури 193 новозаразени, од кои девет ја изгубија битката со коронавирусот.

Тој рече дека во следниот период очекува зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти во однос на излекуваните и испишани.






Во болниците има 330 пациенти, тие се оптоварени, здравствените работници се изморени во чеиримесечната битка со вирусот и затоа, како што објасни министерот,  целиот фокус е насочен на клиничкиот дел и се планира мобилизација на расположливите капацитети за да се обезбедие добро лекување на сите пациенти. На Инфективната клиника од вчера е во употреба и монажната болница

– Овој наплив во болниците треба да се издржи, за што имаме план кој веќе се спроведува. После овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Првата порака што сакам да ја испратам до здравствените работници, знам дека се изморени. Ќе се мобилизираат сите ресурси. На граѓаните сакам да им порачам само едно нешто денес. Здравствените работници не се прибрани дома, изложени се на голем ризик, на долги смени, со цел да го спасат секој живот. А, секој може тоа да го прави со следење на трите препораки, маска, дистанца и миење раце. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат  – рече Филипче.

Од вчера на Инфектината клиника во Скопје и во ГОБ „8 Септември“ на помош се 54 доктори и медицински сестри.

– На Инфективната клиника од вчера е во употреба монажната болница каде има 72 кревети и во овој момент таму се сместени тројца пациенти. Ова одделение е целосно обезбедено со доктори и експерти по инфективна медицина, колеги интернисти и медицински сестри и е опремено со апарати за притисочна поддршка со кислород, пулсоксиметри, монитори и целата друга медикаментозна терапија која што е потребна за третман на пациентите. Во  болницата во Битола има 20 кревети, 16 во болницата во Кавадарци, осум дијагносицирани има во тетовската болница која располага со 100 кревети. Во Охрид има уште пет слободни места, меѓутоа во договор и секојдневна координација со болницата во Битола, се обезбедуваат двете болници во смисла на регионални центри, пред се за третман и на пациентите кои доаѓаат од Струга и од струшкиот регион – рече Филипче.

Министерот информира дека Во ГОБ „8 Септември“, каде имаше навистина голем притисок во изминатите денови има голем број на слободни кревети, близу 250 кревети.

Тој појасни дека покрај персоналот, кој што го понудиле приватните болници, може да се очекува доколку затреба да се искористат и нивните сместувачки капацитети. Засега, додаде, тоа не е потребно, но го имаме предвид како вкупна бројка на кревети, како и кревети за интензивна нега, нешто што го најавивме и што го сметавме како поддршка на нашите капацитети и на почетокот на кризата, рече Филипче.

Министерот додаде дека раст на бројот на заболени од коронавирусот бележат и земјите во нашиот регион. По еден пик на број на новозаболени од почетокот на пандемијата вчера имаа и Бугарија 112, Албанија 62, Косово 141, Босна и Херцеговина 45 и Србија 59.

– Никогаш не сме се соочиле со ваква здравствена криза. Не е воопшто лесно, но имаме и знаење и капацитет и начин на организација и план што веќе се спроведува за оваа криза да ја надминеме. Досега одлично се менаџираше кризата, го подготвивме системот за ова сценарио и сега го спроведуваме. Барам силна поддршка од граѓаните, од сите чинители во општеството, за здравствените работници. Барам разбирање и трпение кај граѓаните, на кои заради оваа криза им се откажани претходно закажаните прегледи и интервенции и верувам дека ќе се вратиме во нормала брзо и тие повторно ќе имаат пристап кон здравствените услуги, но во овој момент сите сили ги насочуваме за да излеземе од оваа криза – додаде Филипче.

 

 

Поврзани содржини