Во болнички услови се лекуваат 655 лица позитивни на ковид-19
Вкупно 251 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 414 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти. Вкупно 251 лице сомнително и потврдено за ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 65, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациент, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 37, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 655 и има околу 410 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 251 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 97 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.