Во болница се лекуваат 911 лица со ковид-19

220
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 911 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во ковид центрите низ земјава се лекуваат вкупно 536 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за дерматологија. Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.
Во ковид центарот во ГОБ 8 „Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ 25 пациенти, на Клиниката за нефрологија 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 „Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Утрово до 8 часот имало 120 слободни места.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, во Штип 55, на инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 80 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 66, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 51 пациент, во Кочани 26, во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12.
Поврзани содржини