Во болница се лекува 671 пациент од ковид-19

Од 15 до 21 февруари е забележано зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени се 1.760 лица, процентот на позитивност во просек изнесува 14,7%.

313

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 423 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти, а 9 на Инфективната клиника  во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти. На ГАК има три хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).

Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49  (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021, како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Поврзани содржини