Во Битола 13 возачи пребрзо возеле, тројца биле пијани, а двајца зборувале на мобилен
За сите неправилности се издадени соодветни налози.
Полициските службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилото, користење сигурносен појас, зборување на мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола.
Притоа се констатирани седум нерегистрирани возила, четири возачи управувале возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол управувале три лица и тие се исклучени од сообраќај, брзината ја надминале 13 возачи, сигурносен појас не користеле тројца возачи, а двајца други зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности се издадени соодветни налози.