Во БиХ откриен гама сој на ковид-19
Како што пишува Слободна Европа, станува збор за бразилскиот сој од коронавирусот.
Во Босна и Херцеговина кај странски државјанин е потврдено присуство на гама сој на коронавирусот, потврди за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа шефот на лабораторијата за молекуларно-генетички испитувања во Сараево, Теуфик Голетиќ.
Како што пишува Слободна Европа, станува збор за бразилскиот сој од коронавирусот.
Примерокот бил земен на 5 јули, а денеска официјално е потврдено дека е позитивен на гама сојот од ковид-19. Голетиќ изјавил дека станува збор за странски државјанин кој бил во посета на БиХ. Тој додава дека гама и делта подвидови на вирусот спаѓаат во групата на варијации на вирус кои што предизвикуваат загриженост.