Агенцијата за лекови на Босна и Херцеговина ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирусот откако утврдила дека пробните дози доставени минатата недела ги исполнуваат пропишаните критериуми за квалитет, а вакцинирањето таму би можело да почне во наредните денови.
Агенцијата за лекови и медицински средства на БиХ преку соопштение потврдила дека направила проверка на квалитетот на вакцината Гам-Ковид-Вак и утврдила дека испитаниот примерок одговара на деклариранаиот квалитет.
2.000 дози од вакцината Спутник V се доставени во БиХ пред седум дена на барање на Министерството за здравство на Република Српска, бидејќи властите на тој ентитет самостојно преговарале со рускиот произведувач и начелно договориле испорака на 400.000 дози доволни за вакцинација на 200.000 луѓе.