Во Берово запалено возило на полициски инспектор
Како што стои во понатамошната информација, пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Берово. Се работи на расчистување на случајот.
Во Берово е запалено возило на полициски инспектор. Случајот бил пријавен во беровската полиција, во чија информација доставена до СВР Штип, се вели дека пожарот на возилото од марка „пасат“ е регистриран синоќа на паркинг во Берово во 02:00 часот по полноќ.
– На 12.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на улица „Младински кеј”, на паркинг настанал пожар на патничко моторно возило “пасат”, во сопственост на Г.Р. од Берово – се вели во полициското соопштение.
Како што стои во понатамошната информација, пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Берово. Се работи на расчистување на случајот.