Во Белград 700.000 примиле прва доза, а 600.000 се целосно вакцинирани

Нема причина Белград и местата во кои ќе има над 50 отсто вакцинирани до 21 јуни да не бидат отворени за концерти, свадби, конгреси, фестивали со почитување на протоколите и сите епидемиолошки мерки, вели заменик-градоначалникот на главниот град на Србија, Горан Весиќ.

256

Во Белград заклучно со вчера, 50,2 отсто од вкупната полнолетна популација е вакцинирана, односно 698.594 лица, а ревакцинирани се 43 отсто од вкупната полнолетна популација, односно 598.773 граѓани, изјави заменик-градоначалникот на главниот град на Србија, Горан Весиќ.

– Во Белград вчера имаше 50 заболени лица, од 274 колку што се евидентирани во Србија. Тоа е околу 18 отсто, а ние во популацијата на Србија учествуваме со 25 отсто. Ова е последица на имунизацијата, која најдобро се одвива во Белград. Затоа, кога имате 50 заразени лица во град како Белград, навистина нема смисла кафулињата и рестораните да работат само до 22 часот – изјави Весиќ за ТВ Пинк.






Тој изрази надеж дека во повеќето градови во Србија до 21 јуни ќе биде надминат прагот од 50 отсто.

– Белград веќе го стори тоа. Наскоро и Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Ужице, Сремска Митровица. Нема причина Белград и местата во кои ќе има над 50 отсто вакцинирани до 21 јуни да не бидат отворени за концерти, свадби, конгреси, фестивали со почитување на протоколите и сите епидемиолошки мерки. Белграѓани заслужуваат да бидат наградени затоа што беа најдобри кога станува збор за вакцинацијата. Тие го заслужија тоа, а јас сум тука да го побарам тоа во нивно име – нагласи Весиќ.

Поврзани содржини