Во Белгија повеќе лица си заминуваат од болниците, отколку што доаѓаат

Според белгиското Министерство за здравство, во последните 24 часа биле отпуштени од болниците 524 пациенти, додека 487 биле примени во болница.

1,282

Во последните 24 часа, бројот на лица кои ги напуштаат болниците во Белгија го надмина бројот на нови кои се примени.

Според белгиското Министерство за здравство, во последните 24 часа биле отпуштени од болниците 524 пациенти, додека 487 биле примени во болница.






Во текот на претходниот ден, регистрирани се 1.209 нови случаи со коронавирусот, додека други 205 лица починаа, вкупно 2.240.

На 14 март, Белгија воведе карантински мерки до 5 април. На крајот на месецот беше решено овие мерки да бидат во сила до 19 април, со можност за продолжување до 3 мај.

Поврзани содржини