Во Барселона пријавени загуби од 120-140 милиони евра поради коронавирусот

148

Екипата на Барселона досега изгубила 120-140 милиони евра поради пандемијата од коронавирус. Ова го откри економскиот потпретседател на клубот, Жорди Кардонер.

Од нив, околу 50 милиони се поради стопирање на продажба на билети за дуелите и клупскиот музеј, 39 милиони се за неплатени ТВ права и меѓу 20-25 милиони за комерцијални приходи од продавници, фудбалски кампови, активности на клупски легенди итн.






– За толку знаеме денес. Секако ќе има загуби. Трошоците ќе мора да се намалат. До февруари ги надминавме очекувањата. Нашата позиција беше успешна и очекувавме врвен крај на финансиската година. Сезоната запре и нашите приходи драстично паднаа. Во првата година на спонзорство името на стадионот ќе биде приход за жртвите од коронавирус и останатите 25 години во комерцијални цели. Играчите беа многу позитивни во однос на кратењето на платите, затоа што знаат дека ситуацијата не е шега. Ла Лига може да не се игра пред гледачи до следниот февруари. Бројот на засилувања ќе биде ограничен, повеќето ќе се преку размена. Така ќе бидат работите во цела Европа – прокоментира Кардонер пред „ЕСПН“.

Поврзани содржини