📷 ВО БАЛТИМОР МОНТИРАН НАЈГОЛЕМИОТ КРАН Се расчистуваат остатоците од урнатиот мост
Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, ќе почне да ги извлекува остатоците од конструкцијата на мостот Френсис Скот Ки кој се урна во вторникот во реката Патапско.
Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД денеска е монтиран во пристаништето Балтимор и е подготвен да почне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот откако товарниот контејнерски брод Дали удри во потпорен столб.
Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од конструкцијата на мостот од реката Патапско утре наутро, изјави денеска портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер.
Cranes to begin removing debris from Baltimore bridge collapse https://t.co/pjFk2T9RGB
— WNEP (@WNEP) March 29, 2024
Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од урнатата конструкција на мостот.