ДВОЈАЗИЧНИТЕ УНИФОРМИ НА УСТАВЕН ТЕСТ Иницијатива на Левица за уставна проверка на владината уредба

Сметаме дека ваквата уредба, како општ подзаконски акт на владата, е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција.- велат иницијаторите.

171

Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата на Република Македонија практично воведува двојазичност на униформите на полицијата – изјави на прес конференција Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.

– Сметаме дека ваквата уредба, како општ подзаконски акт на владата, е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција. Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд – рече Исмаил – Хактан






Тој оцени дека ова е деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет.

– Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно, без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет. Практично, сите лажни ветувања на владата за ‘европеизација’ тука паѓаат во вода – рече членот на Президиумот на Левица.

Поврзани содржини