Во Австрија во изминатите 24 часа регистрирани се рекордни 9.105 новозаразени со Ковид-19.
Австрискиот министер за здравство, Рудолф Аншобер изјави дека конечно се решени проблемите од минатите денови со ИТ проблемите на системот за пријавување на инфицираните лица.
Во повеќе австриски покраини имаше проблеми со пријавувањето на нови случаи.
– Информацијата што ја добив утрово е дека се е решено и оти се функционира, посочи Аншобер.