Во Австрија 1.016 заразени со коронавирусот
Во најновите информации за бројот на заразени лица се наведува дека се извршени 8.490 тестирања.
Во Австрија со коронавирусот се заразени вкупно 1.016 лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Виена.
Бројот на заразени лица уште претпладнево надмина илајда, само два часа по официјалното соопштување на утринските информации кои секојдневно се објавуваат секој ден после 8 часот кога имаше 959 заразени.
Во најновите информации за бројот на заразени лица се наведува дека се извршени 8.490 тестирања.
Исто така се информира дека од појавата на коронаворусот во Австрија на крајот од февруари, досега оздравеле шест лица, а тројца починале.