Земјоделецот Маршал Боул за австралиските медиуми изјави дека бил шокиран кога видел јагне со пет нозе и шест копита бидејќи на едната нога има две копита, а петтата нога му виси под главата.
– Имаше ситуација јагне да се роди без волна, но никогаш не сум видел вакво нешто и не знам како се случи тоа – рекол Маршал Боул од фармата во Коџонап, Западна Австралија.
Иако има генетско нарушување, јагнето е родено без проблеми, а сопственикот најмногу се изненадил кога видел како под главата му виси петтата нога. Јагнето добро напредува под будното око на фармерите.
Јагнето го доби името „Морска риба“.
Не е сигурно како се случило ваквото нарушување, но првичните претпоставки се дека еден ембрион се развил до крај надвор од матката.
Ветеринарскиот патолог Шан Безиер истакнал дека петтата нога е случаен недостаток и дека тоа се случува многу ретко.
ФОТО: Твитер