ВО АВСТРАЛИЈА НИ „ВЕЈПАЊЕТО“ НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО Целта е следната генерација да не стане зависна од никотин

Освен забраната за електронски цигари, Австралија воведува повисоки даноци за тутун. Борбата со црниот пазар ќе вклучува многу инспекции, но и ограничувања за вкусовите и боите во кои ќе бидат произведувани вејперите.

168

Австралиската влада ќе ги зголеми даноците на тутунот за неколку милијарди долари во текот на следните четири години како дел од напорите за сузбивање на пушењето, а вејпувањето ќе биде забрането.

– Рекреативното вејпување (електронски цигари) ќе биде забрането бидејќи владата се обидува да ја спречи следната генерација да стане зависна од никотин – изјави денеска министерот за здравство Марк Батлер.






Данокот на тутунот ќе се зголемува за пет отсто годишно почнувајќи од септември, рече тој, со вкупно зголемување од 3,3 милијарди австралиски долари (2,2 милијарди американски долари) во текот на четири години.

Претходно беше зголемен данокот на електронските цигари, а беа засилени и контролите на нивниот увоз и пакување.

Владата ќе работи со сојузните држави за да ја запре продажбата на е-цигари во продавниците на мало и да го олесни добивањето рецепт за терапевтска употреба.

За да го запре растечкиот црн пазар, владата ќе ги заостри контролите на производството на вејпери, вклучително и ограничување на вкусовите и боите.

Ќе бара пакување слично на фармацевтските производи, ќе го намали максималниот број на вдишувања и нивото на никотин и ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба.

Поврзани содржини