Во „ауди“ криел 10 мигранти, кога го фатиле нападнал полицаец

579

Околу 6 часот утрово од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, кај клучка Неготино, бил лишен од слобода е Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал 10 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Притоа, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.






За случајот е известен јавен обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини