Во Аргентина рекорден број починати за едно деноноќие

269

Аргентина регистрираше рекордни 75 смртни случаи за еден ден меѓу заразените со коронавирус, со што смртниот биланс од ковид-19 во таа земја се искачи на 1.582 лица. Во земјата досега позитивни на тестот на Ковид-19 се 80.434 лица.

Главниот град, Буенос Аирес и регионот околу него, каде живеат 14 милиони луѓе и повеќе од 90 проценти од случаите се идентификувани, повторно се ставени под строг карантин до 17 јули во обид да се спречи ширењето на болеста.






Пандемијата нанесе големи штети на аргентинската економија, која е во рецесија од 2018 година

Поврзани содржини