ВО АРАЧИНОВО 30 ЧАСА НЕМА СТРУЈА Екипите на ЕВН не доаѓаат зашто ги напаѓаат

6,695

Арачиново заедно со селата Орланци и Мојанци два дена се без струја. Градоначалникот Ридван Ибраими за ТВ 21 вели дека според неговите информации станува збор за технички дефект кој не се санира со потребната брзина.

Дека 80 отсто од Арачиново нема струја, потврдуваат и од ЕВН Хоум. Вчера утрото во општината дошло до голем дефект како резултат на преоптоварување на трафостаниците поради незаконско користење струја од страна на жителите.






„Во Арачиново нашите екипи многу често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на мештаните, со што во целост им се оневозможува работењето. За да се работи мора да се создадат услови за нормално работење, како за дефекти така и за реконструкција и модернизирање на мрежата. Се додека не постојат нормални услови за работење и има спречување во работата, нема да постои можност за санација“, велат од ЕВН Хоум.

Поврзани содржини