Во април граѓаните и бизнисите земале кредити, но не штеделе

Народната банка информира дека во парил кредитирањето пораснало за 0,2 отсто.

289

Во април според податоците на Народната банка е забележан раст на кредитирањето, но депозитите останале на истото ниво од март.

Народната банка соопшти дека во април вкупните депозити се непроменети во споредба со март. При тоа  намалување е регистрирано кај депозитите на корпоративниот сектoр, а  раст е забележан кај депозитите на домаќинствата.






„На годишна основа, вкупните депозити бележат зголемување за 6,3%, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства (учество во растот од 83,0%). При тоа растот на кредитирањето кај корпоративниот сектор  од 6,5% , додека кај домаќинствата од 7,8%,“ , се вели во соопштението на Народната банка.

Во истиот период, наведуваат од Народната банка, продолжи растот на кредитирањето и тоа на месечна основа и кај коропоративниот сектор и кај домаќинствата.

– Кај вкупните кредити, во април, е остварен месечен раст од 0,2%, којшто при пад на  кредитирањето на „домаќинствата“, во целост е резултат на повисокото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, растот на кредитите изнесува 5,5% и е под влијание на зголеменото кредитирање на банките на двата сектора, со повисок придонес на секторот „домаќинства“. Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени6 според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во април е забележан раст од 6,9% на годишно ниво – велат од Народна банка.

На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2%. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 4%.

– Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4%. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2% – валат од НБ.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 12,1%.

Во април, кај станбените кредити, е забележан месечен и годишен раст од 0,4% и 13,6%, соодветно.

Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад од 1,2% и 6,4%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 2,1% и 6,3%, на месечно и годишно ниво, соодветно.

Овој месец, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен пад од 6,8% и 5,6%, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи бележат минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишна основа се намалени за 5,7%.

 

Поврзани содржини