Во април 68,1 процент од потрошената струја е од домашно производство

Во април биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти.

254

Државниот завод за статистика објави дека во април годинава во земјава вкупно биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти.

Од потрошената електрична енергија 68,1 отсто е од домашно производство, додека 96,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Поврзани содржини