ВО ЈАПОНИЈА Е НОРМАЛНО, АМА КАЈ НАС НЕ Е Заедничкото спиење со децата е вечна тема

Во Јапонија заедничкото спиење на родителите и децата е културна норма, додека во западните земји во светот ова е сè уште контроверзна тема.

398

Заедничкото спиење на родителите и на децата е една од темите за кои е тешко да се постигне консензус и меѓу експертите и во општата популација. Имено, постојат негативни аспекти на заедничкото спиење, но и позитивни, па секој родител треба да одмери и да одлучи која опција е најдобра за неговата ситуација.

Има ситуации кога е препорачливо да се избегнува заедничко спиење, на пр. кога родителот е под дејство на алкохол или лекови кои ја намалуваат можноста за расудување и навремени реакции.






Заедничкото спиење на родителите и децата може да се подели во три категории: спиење во ист кревет, спиење во иста соба или кога детето спие во креветче поврзано со креветот на родителите и меѓу нив нема ограда.

Во Јапонија заедничкото спиење на родителите и децата е културна норма, додека во западните земји во светот ова е сè уште контроверзна тема за која тешко се согласуваме. Заедничкото спиење е во пораст во последните неколку години и се повеќе се практикува на Запад.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини