Во јануари се собрани 6,32 милијарди денари од даноци

Планот за јануари е вкупен приход од даноци да изнесува 6,52 милијарди денари.

406

Од почетокот на годината до 5 февруари по основ на даноци остварен е вкупен приход од  6,83 милијарди денари, информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција на која говореше за извршените контроли на фирмите кои зеле субвенции за плата а не им ја исплатиле на работниците.

– Во јануари остварен е вкупен приход од  6,326 милијарди денари, а реализација е  97,02 отсто. Од први до 5 февруари собрано  6,836 милијарди денари што споредено со лани има раст од 12 отсто, но за февруари тртеба да почекаме да видиме колку ќе биде – рече Лукаревска.






Според планот, во јануари 2021 година требаше да се соберат 6, 521 милијарда денари.

Поврзани содржини