ВО ЈАНУАРИ РУСИЈА ЌЕ ИЗВРШИ ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА Протекоа тајните планови на руската армија

Нападот наводно би можел да следува во јануари 2022 година, а воените дејствија е планирано да се одвиваат од три правци. Објавено е и дека Москва ќе повика десетици илјади лица од резервиот состав, кои ќе бидат вклучени во редовниот состав на војската.

1,365

Според извештаите на американските разузнавачи, Русија на стартот од наредната година ќе започне со очекувана воена инвазија на Украина, објавено е во аналазита објавена на Блумберг.

Нападот наводно би можел да следува во јануари 2022 година, а воените дејствија е планирано да се одвиваат од три правци. Објавено е и дека Москва ќе повика десетици илјади лица од резервиот состав, кои ќе бидат вклучени во редовниот состав на војската.






Од Блумберг наведуваат дека актуелната админситрација на САД, веќе ги споделила сознанијата за плановите на руската армија со европските сојузници, со кои наводно се докажуваат стравувањата дека на границата со Украина, Русија има допремено огромен број на војници, оружје и орудија.

Сознанијата во кои увид имале новинарите на Блумберг, откриваат и дека инвазијата ќе се одвива од три различни страни. Главниот удар ќе оди од граничниот премин меѓу двете земји, во делот на побунетиот регион Донбас. Втората рута на нападот е Крим, додека завршниот удар на украинските сили, Русите се очекува да го нанесат од белоруска територија.

Главнината на нападот ќе ја изведат 3.000 добро обучени војници, кои ќе имаат силна поддршка од артелириските баталјони и авијацијата. Инаку, овие војници покрај другото се обучени и за спроведување на окупација на освоената територија.

Со истите сознанија располагаат и во Киев, од каде деноноќно се обидуваат да обезбедат воена помош од САД и од останатите земји-членки на НАТО.

– Не е тајна дека разменуваме податоци, бидејќи речиси сите знаат што се случува. Тоа што е неизвесно е дали (Владимир) Путин ќе нападне и кога тоа ќе го направи. Нашите партнери нè уверија дека ќе ни помогнат во случај на војна – вели Алексеј Данилов, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Поврзани содржини