ВО ЏАМИЈАТА ВО ГОСТИВАР СЕ ДИСКРИМИНИРА ТУРСКИОТ ЈАЗИК „Дури ни две реченици не беа прочитани на турски“

Ситуацијата дополнително се вжешти откако еден имам изјавил дека ‘овде има само месојади’, на што реисот не реагирал. Tаквиот молк ја легитимира дискриминацијата. Нема да присуствувам на следната покана од ИВЗ. Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува, напиша Сарач, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија.

411

„Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани. Јавно реков: Кажете барем две реченици на турски“.

Вака напиша на својот фејсбук-профил Ердоган Сарач, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија по вчерашната молитва во џамијата во Гостивар.






Тој вели дека дел од верниците биле очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот, и официјален јазик во Исламската верска заедница на Македонија.

Ова е голем скандал со етно-јазична димензија за време на верски настан во Саат џамијата во Гостивар, велат верниците.

Сарач на својот фејсбук профил напиша дека ги опоменал имамите за употреба на турскиот јазик уште за време на молитвата во џамијата, но ништо не се случило. Во џамијата бил присутен и реисот на ИВЗ Шаќир Фетаи. Сарач го обвини реисот за јазична дискриминација.

„Ситуацијата дополнително се вжешти откако еден имам изјавил дека ‘овде има само месојади’, на што реисот не реагирал. Tаквиот молк ја легитимира дискриминацијата. Нема да присуствувам на следната покана од ИВЗ. Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува“, напиша Сарач.

Исламската верска заедница засега нема официјален коментар по повод обвинувањата.

Досега, муслиманските верници биле сведоци за време на празниците, пригодните поздравни обраќања на имамите биле и на македонски и на турски јазик.

Турската заедница во Македонија и досега во неколку наврати реагирала на неупотребата на турскиот и македонскиот јазик во ИВЗ.

„Ја осудуваме постапката на ИВЗ за нивното намерно и директно изоставање на турскиот јазик, како и јазиците на останатите исламски етнички заедници од своите официјални изјави и објави. Исламот е вера на братство, единство и правда во која нема место за национализам, шовинизам и меѓуетничка, а ни меѓурелигиска омраза и натпревар. Само како потсетување, турскиот јазик е дел од Статутот на ИВЗ и е законско право на турската заедница во Македонија. Изоставањето претставува прекршување на Статутот на ИВЗ и директен удар врз турската заедница во Македонија“.

Поврзани содржини