Во изминатото деноноќие во Албанија тестирани се 42 сомнителни случаи на Ковид-19,при што позитивен резултат има кај 25 од нив,со што вкупната бројка се зголеми на 609 инфицирани лица.
– Во истиот временски период 18 пациенти се излекувани,со што вкупната бројка на излекувани сега изнесува 345 лица. Моментно во нашата земја 238 лица се активно инфицирани, што потврдува дека бројот на излекуваните е поголем од од моментно болните, изјави Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје.
Според неа досега се тестирани 6.017 сомнителни случаи и од нив 602 се потврдени позитивни на Ковид-19.
Од појавата на првиот случај,на девети март,кој беше токму од Тирана, за првпат во последните 24 часа не е дијагностициран ниту еден случај во албанската метропола, каде вкупно заразени се 253 лица.
Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 40 пациенти,што е за четвроица помалку споредено со вчера. Од нив 10 пациенти се на интензивна терапија.
Таа упати апел до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи,како што рече војната со новиот опасен вирус
сеуште не е завршена.