Во последното деноноќие во Албанија регисрирани се нови 19 случаи заразени со Ковид-19, што е за 11 повеќе од вчера.
Во исто време оздравени се тројца, а починал уште еден пациент во Инфективната клиника во Тирана.
– Од тестираните 252 сомнителни случаи, меѓу нив и 44 здравствени работници, позитивен резултатот е кај 19 од нив, меѓу кои и еден здравствен работник. Вкупниот број на заболени од коронавирус кај нас достигна 494 лица. Во последното деноноќие оздравени се тројца пациенти,со што вкупната бројка сега изнесува 251 – изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Додаде дека денеска починал уште еден пациент или 25 до сега. Станува збор за 90-годишен жител од градот Фиер,кој единаесет дена бил интубиран, а боледувал и од други болести.
– Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се лекуваат 48 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија додека четворица се интубирани. И покрај зголемувањето за 19 нови случаи во последните 24 часа, во болниците имаме стабилен број случаи – рече Раткацоли.
Таа ги повика граѓаните да продолжат да ја почитуваат мерката за социјала дистанца, да ја одржуваат личната хигиена и да не излегуваат од домовите без неопходна потреба.