Во Албанија бројот на заразени се зголеми на 55 лица, меѓу нив и лекари

Тројца од пацинетите се на интензивна терапија, еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти, засега се во стабилна состојба.

208

Со потврдените четири нови случаи со коронавирус, во Албанија бројот на заразени со овој опасен вирус се зголеми на 55 лица.

– Во последните 24 часа, тестирани се 42 сомнителни лица,меѓу нив и здравствени работници, од кои се потврдени 4 нови случаи на „Ковид -19“. До денес тестирани се 605 сомнителни случаи и потврдени се 55 случаи како позитвни, меѓу нив 8 се здравствени работници – потврдуваат од министерството за здравство.






Тројца од пацинетите се на интензивна терапија, еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти, засега се во стабилна состојба.

Најголем број од заразените или 38 лица се од Тирана, 6 од Фиер,5 од Драч(заедно со починатата жена) по две лица од Љушња, Елбасан и Рогожина. Тројца од пацинетите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти,додаде Ракацели, засега се во стабилна состојба.

Осумте здравствени работници се од болницата „Шефќет Ндроќи“ каде се тестрани 89 лица од персоналот на болницата а се заразени од пациент. Министертвото побара од здравствените работници добро да се заштитат за време на давањето услуга.

Поврзани содржини