ВО АЕРОДРОМ ИМА ПРОВАЛИЈА ВО КОЈА МОЖЕ СЕКОЈ МОМЕНТ НЕКОЈ ДА ЗАГИНЕ! Стојанче Ангелов укажува на сериозна опасност за шетачите покрај Вардар

Се работи за една голема провалија каде што дете со велосипед може да падне и да загине. Ние ги информиравме и градот Скопје и општина Аеродром, но сметавме дека поради политичките збиднувања можеби е невкусно да излеземе јавно, да не бидеме протолкувани во политички контекст, односно да не бидеме предмет на дневна политика, но таа дупка зјае до ден денес – рече Ангелов.

2,710

Покрај самиот тротоар на пешачката патека покрај реката Вардар во населбата Аеродром постои огромна провалија, длабока петнаесетина метри, кој претставува голема опасност за граѓаните кои се рекреираат на таа патека – изјави денеска на прес конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

– Ние поднесовме барање да се постави ограда на една голема, би ја нарекол провалија, долга дупка, покрај хотелот „Русија“ на кејот на Вардар во Аеродром. Се работи за една голема провалија каде што дете со велосипед може да падне и да загине. Ние ги информиравме и градот Скопје и општина Аеродром, но сметавме дека поради политичките збиднувања можеби е невкусно да излеземе јавно да не бидеме протолкувани во политички контекст, односно да не бидеме предмет на дневна политика, но таа дупка зјае до ден денес. Ние како Центар нема да чекаме некој таму да биде повреден или да загине за да интервенираме. Поради тоа испративме неколку ургенции до Градот Скопје и до другите надлежни институции и сега јавно апелирам, а таму ќе одржиме и посебна прес конференција, бидејќи и покрај заладувањето граѓаните овде се шетаат. Човек може да се шета пеш и да падне. Буквално, покрај самата ивица на тротоарот покрај горната патека постои дупка које е длабока петнаесетина метри, долга можеби стотина метри – рече Ангелов.






Ангелов уште рече дека повеќе институции сериозно работат за проблемот со бездомните кучиња, за кои дополнително ќе излезат во јавноста со можни решенија.

Поврзани содржини