ВО АЕРОДРОМ ЌЕ СЕ ГРАДАТ 5 ГРАДИНКИ Сместување и грижа за 700 деца

Ќе се градат детски градински во населбите Долно Лисиче, Лисиче, Јане Сандански, Мичурин и Острово, Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и да се развива, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

312

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром, а приоритет ќе биде изградбата на детски градинки, соопшти партијата.

„Имајќи предвид дека Аеродром е општина во која градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, во следниот четиригодишен мандат ветуваме изградба на 5 детски градинки и тоа во населбите Долно Лисиче, Лисиче, Јане Сандански, Мичурин и Острово со капаците за вкупно 700 дечиња. Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и за развивање на социјалните вештини“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните, се додава во сооптението.

„Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани. Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини