ВО АЕРОДРОМ ЌЕ НИКНЕ ДРВОРЕД Градските власти тврдат дека Зелен град ги манипулира скопјани

Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.

454

Град Скопје ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ и тврди дека свесно се манипулира јавноста дека со пробивањето на улицата  Васко Карангелески ќе биде изгубено зеленило.

„Спротивно на тоа по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзана со булеварот Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата. Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување. Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи  предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште Љубен Лапе, еден пензионерски дом и поликлиниката Јане Сандански“, велат од Град Скопје. 






Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.

„Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена“, велат градските власти.

Поврзани содржини