ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕМА ДА ИМА ПЛАТА ПОД 18.000 ДЕНАРИ Алити најави преговори со синдикатите за усогласување на другите плати
Министерот за администрација соопшти дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата и оти никој нема да има плата под таа сума.
Министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити вели дека во април во јавната администрација нема да биде исплатена минимална плата под законски загарантираната.
– Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа, ние како Влада и како МИОА, ја продолжуваме комуникацијата со нив и сме подготвени да го направиме тоа, меѓутоа, на најдобар начин и во најдобар тајминг за Владата и за државата- рече на денешната прес-конференција Алити.
Тој додаде дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата и оти никој нема да има плата под таа сума.