ВО 7.30 ЧАСОТ „ЦИТРОЕНОТ“ СО ВАЊА ЗАМИНАЛ КОН ПАРТИЗАНСКА Не е прифатено барањето на Палевски за изземање на обвинителката

„Цитроенот“ стасал пред зградата на Вања во 6.38 часот. Возилото се гледа како стасува на снимката од камерата од хотелот „Сити парк“. Потоа, од камерите на козметичкото студио и на менувачницата се гледа како во 7.30 часот заминува „цитроенот“ кон Партизанска.

954

Не е прифатено барањето за изземање на обвинителката што го поднесе првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

На денешното рочиште продолжи изведбата на материјалните докази од страна на Обвинителството.






Се пуштаа видео снимки од камерата од хотелот „Сити парк“, кој е во непосредна близина на зградата во која живеела Вања.

– Минатиот пат се презентираа записи на „цитроенот“ и на „рено кангу“ до моментот кога возилата навлегуваат во Дебар Маало, односно возиото „цитроен“ се доближува до улицата Наум Наумовски Борче од каде е извршено грабнувањето на оштетеното дете Вања – рече обвинителката.

На ова це-де реалното време на случување се разликува за 20 минути од времето на записот. Во 6.37 часот (на видеото 6.17) „цитроенот“ поминува кај хотелот „Сити парк“ и врти десно.

Од друга камера се гледа како „цитроенот“ свртува во десно, подзапира и продолжува право по паркингот кон зградата на оштетеното дете. И од трета камера од хотелот исто така се гледа како „цитроенот“ доаѓа кај хотелот, врти десно, подзастанува и продолжува да се движи. Исто и од четврта камера од хотелот се гледа како преку паркингот „цитроенот“ се упатува пред зградата и во 6.38 часот е пред зградата на Вања.

Се презентираше и видео запис од козметичкото студио „Интеа форма“ кое во непосредна близина на зградата на улицата Наум Наумовски Борче. Станува збор за видео запис за кој повеќемина сведочеа дека обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, му го пратил во порака на началникот Дејан Димовски, со наводи дека нешто му е чудно.

Реалното време на овој запис е 5 минути порано од тоа што е прикажано на камерата. Во реално време 7.29 часот (на камерата 7.34) се гледа како поминува „цитроенот“. Ова е всушност времето кога е извршено грабнувањето.

– Ќе ја пуштиме снимката една минута пред да помине „цитроенот“, со цел да се утврди колку возила поминуваат на улицата во тоа време во денот, понови, постари, што чадат и без да чадат. За една минута поминаа десетина возила пред да се појави „цитроенот“. Во време, од 4 минути пред да се појави возиото, поминуваат 26 возила. Откако поминува „цитроенот“, по истата улица поминуваат возила на секои 30 секунди – рече обвинителката.

Обвинетиот Палевски дофрлаше за време на излагањато на обвинителката поради што судијата два пати го опомена и најави дека по третата опомена ќе го отстрани од судницата.

Денеска беше презентирана и видео снимка од камера од менувачница „Коин бокс“ која се наоѓа на улицата Наум Наумовски Борче, во близина на зградата од каде е грабната Вања. Овде реалното време отстапува еден час и 2 минути. Се забележува „цитроенот“ како се движи по улицата Наум Наумовски Борче кон булеварот Партизански одреди. На иста камера, од друг агол, во реално време во 7.30 часот се гледа „цитроенот“.

Значи, „цитроенот“ стасал пред зградата на Вања во 6.38 часот. Се гледа возилото како стасува на снимката од камерата од хотелот „Сити парк“. Потоа, од камерите на козметичкото студио и на менувачницата се гледа како во 7.30 часот заминува „цитроенот“ кон Партизанска.

Поврзани содржини