ВО 5% ЗА НАТО ЌЕ СПАЃААТ И ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ Мицкоски потврди дека од владата е побарано да направи акциски план

Тука треба да сме свесни дека во тие пет проценти влегуваат и инфраструктурните проекти како капитални инвестиции кои практично ќе бидат користени за потребите на Алијансата, изјави премиерот потврдувајќи дека од Владата било побарано да направи акциски план за зголемување на издојувањата од БДП за НАТО.

829

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да се направи јасен акциски план во догледен рок и практично да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО.

– Тука треба да сме свесни дека во тие пет проценти влегуваат и инфраструктурните проекти како капитални инвестиции кои практично ќе бидат користени за потребите на Алијансата – изјави Мицкоски по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје.






Тој додаде дека тука влегуваат и голем број од инфраструктурните проекти кои како држава ќе ги правиме.

– Ние во моментот сме нешто над 2,5 проценти, а тоа што беше на времето максимум или плафон од 2 проценти, сега е минимум како што таму се вика. Многу голем број од земјите членки на НАТО сè уште не го издвојуваат тој минимум – рече Мицкоски.

Поврзани содржини