ВО 2022 ГОДИНА ЌЕ Ѝ КАЖЕМЕ ЧАО НА ПАНДЕМИЈАТА Параметрите укажуваат на поволна епидемиолошка слика, ама да не се опуштаме
Сите параметри укажуваат на една поволна епидемиолошка слика, но тоа не значи дека треба да се опуштаме, вели епидемиологот Драган Даниловски.
Во 2022 година ќе се збогуваме со пандемијата, тврди епидемиологот д-р Драган Даниловски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој вели дека сите параметри укажуваат на една поволна епидемиолошка слика, но дека не треба да се опуштаме.
– Голема е веројатноста дека во 2022 година во Македонија ќе се збогуваме со пандемијата со коронавирусот. И на 28 ноември препорачав да ставиме карантини на границите за да добиеме на време, бидејќи прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде омикрон сојот. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, ние и понатаму имаме опаѓање на инциденцата, имаме само 347 хоспитализирани. Сите параметри укажуваат на една поволна епидемиолошка слика, но тоа не значи дека треба да се опуштаме. Дојдоа и сè уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, најверојатно уште некој ќе го донесе омикрон сојот. По сите логики може да се очекува зголемување на бројките – вели д-р Даниловски.