ВО 18 ЧАСОТ „СОНЧЕВА РЕВОЛУЦИЈА“ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ Најавен масовен собир за поддршка на адвокатот што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш

На 16 јуни во Охрид на адвокатот Тони Менкиновски ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

595

Денеска, 16 јуни, со почеток во 18 часот, пред Собранието на Македонија е најавен масовен собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски.

Собирот е најавен под името „Сончева револуција“.






Менкиноски доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид, во знак на поддршка на осудените за случајот „27 април“.

Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид, каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Судското рочиште е закажано за 16 јуни во Охрид, каде во охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.

Шестнасеткракото сонце од Кутлеш се смета за симбол кој е дел од македонскиот идентитет. Грција тоа го оспорува и го нарекува сонцето од Вергина.

„Обвинувајќи го Тони Менкиноски, сакаат да нѐ обвинат сите нас за употреба на националното знаме. Да нѐ заплашат и да нѐ покорат уште повеќе. Но нема да дозволиме, туку ќе излеземе и ќе ја изразиме и нашата поддршка и нашиот пркос“, велат организаторите и најавуваат дека задолжителен дрес-код на собирот е македонското национално знаме.

 

Поврзани содржини