Во 18 часот под клуч кафулињата, рестораните, обложувалниците и казината (ГАЛЕРИЈА)

Во некои од фурните кои ги посетивме ни рекоа дека тие ќе работат како и претходно, но купувачите ќе можат да си купат тоа што сакаат за јадење, ама не смеат да јадат во објектот.

973

Во повеќе делови од Градот, како и во нашата земја, точно во 18 часот беа затворени рестораните, кафулињата, обложувалниците и казината, како дел од мерките кои ги предложи владата со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Како што можевме да забележиме на некој од овие објекти има известувања за нивното работно време и периодот до кога ќе важи истото. До информациите до кои дојде Плусинфо на вработените уште вчера им било кажано дека мора да се почитуваат мерките и точно во 18 часот да ги затворат објектите и да си заминат дома.






Во некои од фурните кои ги посетивме ни рекоа дека тие ќе работат како и претходно, но купувачите ќе можат да си купат тоа што сакаат за јадење, ама не смеат да јадат во објектот.

Сепак, овие мерки не важат за затворените трговски центри, каде што и покрај значително намалената фреквенција на луѓе, сите дуќани работат. Значителна раздвиженост може да се забележи во маркетите, каде што во попладневните часови има поголем број на луѓе кои купуваат намирници кои им се потребни.

Засега актуелните мерки за не работење на рестораните, кафулињата, обложувалниците и казината е до 24 март, а можно е продолжување на истите или целосно затворање на објектите, но тоа ќе зависи од тоа какви мерки ќе превземе Координативното тело за спречување на коронавирусот во земјава.

Поврзани содржини