ВО 11 ЧАСОТ ЌЕ БИДЕ ОДБЛОКИРАН АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Клучката од Петља до Подмоље ќе се пушти во употреба

Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга, се додава во соопштението од СВР Охрид.

683

Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, информира СВР Охрид.

„Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга“, се додава во соопштението од СВР Охрид.






Оттаму апелираат до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот.

Поврзани содржини