ВНУКОТ НА РИКИ МАРТИН СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА ИНЦЕСТ Судијата ја укина забраната за приближување

Денис, внук на пејачот, тврдеше дека имал романтична врска со Мартин и „се плашел за сопствената безбедност“.

454

Денис Џадиел Санчез, внук на познатиот пејач Рики Мартин, се откажа од обвинувањата за инцест, пишува „Ен-би-си њуз“.

Според извештаите, Денис доброволно се откажал од случајот, а судијата ја укинал мерката за привремена забрана за приоѓање.






„На виртуелното судско рочиште, внукот доброволно се откажа од обвинението и рече дека повеќе не му е потребен налог за заштита“, рече портпаролот на судот.

Наредбата за привремена забрана, која истекува денеска и нема да биде обновена, беше издадена на 1 јули според Законот за спречување и интервенција на семејно насилство на Порторико, откако Денис тврдеше дека имал романтична врска со Мартин и „се плашел за сопствената безбедност“.

И Мартин и Денис присуствуваа на сослушувањето, а адвокатот на пејачот рече дека Рики бил подготвен директно да му се обрати на судијата на сослушувањето и да негира дека имал романтична и сексуална врска со својот внук и дека го демнел.

Веста за укинување на обвинението ја објави самиот пејач на социјалните мрежи под опис: „Вистината преовладува“.

Да потсетиме, Денис изјави дека за време на седуммесечната врска со Мартин претрпел физички и психички напади. Адвокатот на Рики рече дека пејачот никогаш немал сексуална или романтична врска со својот внук.

„За жал, лицето кое го даде ова тврдење се бори со длабоки ментални проблеми. Рики, се разбира, никогаш не бил и никогаш не би бил вклучен во каква било сексуална романтична врска со својот внук. Ова не само што е лажно, туку и одвратно“, рече адвокатот Мартин Сингер.

Поврзани содржини