ВНУКОТ НА ЏЕК НИКОЛСОН ДОБИЛ ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ПОРАДИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Младиот Шон ја онесвестил и ѝ го скршил забот на неговата екс девојка
Внукот на Џек Николсон доби забрана за пристап од поранешната девојка по наводен брутален напад во кој ја онесвестил и ѝ го скршил забот
Поранешната девојка на еден од внуците на Џек Николсон, го пријавила поради наводен брутален напад во кој ја онесвестил и ѝ го скршил забот. Според полицискиот извештај тој наводно се опоравувал од зависност од дрога, а му била дијагностицирана и шизофренија.
На Елизабет Лолор (28), која претходно излегувала со најстариот внук на Николсон, Шон Норфлит (29), ѝ било одобрено барањето за привремена забрана за пристап против него, според Дејли Меил.
Норфлит, кој е син на ќерката на Николсон, Џенифер Николсон, и нејзиниот поранешен сопруг Марк Норфлит, беше обвинет дека ја фрлил Лолор во тврд предмет, што ја онесвестило и ја раскрварило од устата, а ѝ бил скршен и забот.
Во наредбата со која му се доделува привремена забрана за пристап, судијата му наредил на Николсон да се држи на 100 јарди од Лолор.
Во нејзиното барање за забрана за семејно насилство, Лолор рекла дека внукот на актерот – кој е познат и под името Шон Најт Николсон – се заканил дека ќе земе полно шише валиум ако не дојде кај него.
Откако стигнала таму, таа рекла дека Николсон изгледал како да земал апчиња заедно со алкохол и кокаин.
Лолор потоа рекла дека „прочитала пораки во кои се гледа дека тој купувал наркотици“ и ги проследила до мајката на Николсон, Џенифер.
Таа додала дека не сакала да биде во близина на нејзиното поранешно момче
Потоа Лолор рекла дека пронашла пораки на телефонот на Николсон кои наводно покажуваат дека тој купил наркотици.
„Ги испратив овие пораки до неговата мајка бидејќи требало да биде трезен и не сакав да бидам во негова близина ако е под дејство на дрога“, продолжила таа.
Полицискиот извештај со сеќавањата на Лолор за наводниот напад, кој го доби „Пипл“, кој прв извести за забраната за пристап, укажува дека Николсон наводно се опоравувал од зависност од дрога и дека му е дијагностицирана шизофренија.