ВНУКОТ НА АХМЕТИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД РАКОВОДСТВОТО НА „ТОР ИНДУСТРИС“ Компанијата ќе ја водат американски газди

Компанијата најави дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста „во догледно време“.

444

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој беше основач и сопственик на „Тор индустрис“ до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција, соопшти денеска компанијата до медиумите. Според написот, новиот сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

„Дрин Ахмети, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на ’Тор индустрис‘ водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината. Оваа одлука доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од ’Американ интернешенал холдингс‘ во Тексас“, велат од „Тор индустрис“.






Во соопшението се додава дека интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува „хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми“, како и дека се „отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите“.

Компанијата најави дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста „во догледно време“.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје.

Во февруари Државната комисија за спречување корупција побара Владата да го разреши раководството на Фондот за иновации технолошки развој (ФИТР) поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проекти во вредност од 81 илјада евра на фирми на Дрин Ахмети.

Техничкиот премиер Талат Џафери на почетокот на месецот рече дека Владата нема да постапи додека надлежните институции не докажат вина на раководството.

 

Поврзани содржини