ВНУКОТ НА АХМЕТИ ОБЈАСНИ КАКО ЈА КУПИЛ СОРАВИЈА Дрин инвестирал заедно со партнери, а и презел долг од 20 милиони евра

Дрин изјави дека не влегува во Соравија сам туку со неговите партнери, и токму затоа на прес-конференција присуствуваа тој, Дрин Ахмети, извршен директор на „Thor Industries“, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K.“ и Хано Соравија, основач на „Soravia Group GmbH“.

562

По купувањето на бизнис центарот „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети, тој на прес-конференција откри детали од зделката со која ја разбранува јавноста. Тој објасни како дошол до одлуката за купување на центарот, при што со неговите партнери мора да ги подмири догловите на Хано Соравија кон банките од 20 милиони евра.

Дрин изјави дека не влегува во Соравија сам туку со неговите партнери, и токму затоа на прес-конференција присуствуваа тој, Дрин Ахмети, извршен директор на „Thor Industries“, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K.“ и Хано Соравија, основач на „Soravia Group GmbH“.






– Уште минатата година со партнерите изразивме намера и почнавме да ги анализираме документите од компанијата Соравија кои покажуваа дека неколку години работи со загуба и има долг. Видовме можност за бизнис, се консултиравме со партнерот од Албанија, човек кој е сопственик на неколку бизниси во Албанија и со него одлучивме да ја искористиме оваа можност – изјави Дрин Ахмети.

Уште во октомври имале средби во Виена со сопственикот на Соравија, средби на кои се разговарало да имаат удел во акциите. Како што вели Дрин Ахмети се створила хемија меѓу нив веднаш и по тој состанок Хано Соравија побарал понуда.

– Хано Соравија ги поздрави дискусиите. Гледаше дека има хемија меѓу нас и сакаше еден конкретен предлог во врска со ситуацијата. И тој сакаше да има мал удел во компанијата што досега ја имаше. Ние дискутиравме од октомври минатата година до мај оваа година кога потпишавме договор. Во договорот, кој е постигнат во врска со финансиите, од наша страна учеството беше најдено преку банка во Албанија, каде што партнерот има свој удел. Уплативме 51 процент за „Соравија“ – додаде Ахмети.

Бизнисменот посочи дека австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија сакал партнери во бизнисот. Дрин Ахмети со фирмите нашол кредитна линија за да се платат долговите.

– До мај разговаравме и на 26 мај го склучивме договорот, дека ги превземаме долговите и купуваме дел од акциите. 20 милиони долг кон банки има ние ги превземавме долговите. Три милиони евра веќе се платени, а понатаму ќе следуваат уште трансакции. Овие пари се од подигнат кредит од шест милиони евра од тиранската банка Кредис каде што свој удел има албанскиот партнер Пјетерџокај – изјави Ахмети.

На денешната прес-конференција видео обраќање имаше и Хано Соравија кој пред новинарите рече дека по продажбата на мнозинскиот пакет, ќе му остане само удел од 10 отсто во деловниот центар.

Поврзани содржини