ВНУКОТ НА АХМЕТИ ЌЕ ГО ПОДДРЖИ КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Фатмир Лимани освои 4.500 гласови во првиот круг во Кичево

Лимани кој беше трет на изборите сега најавува дека нема да му помогне на Фатмир Дехари од ДУИ кој е втор, туку на лекарот Александар Јованоски кој во првиот круг освои најмногу гласови.

1,551

Независниот кандидат за градоначалник на Кичево Фатмир Лимани кој е и внук на Али Ахмети в недела во вториот круг  од локалните избори за Кичево ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

Лимани кој освои над 4.500 гласови и беше трет на изборите сега најавува дека нема да му помогне на Фатмир Дехари од ДУИ кој е втор, туку на лекарот Александар Јованоски кој во првиот круг освои најмногу гласови.






„По завршувањето на вториот круг, ќе се направат подготовки за предвремени парламентарни избори. Тука сме подготвени за големата промена“, напиша Лимани на Фејсбук

Д-р Јовановски, кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот изборен круг.

Според податоците од Државната изборна комисија, за него гласаа 8.801 граѓанин, или 256 гласачи повеќе отколку за актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, коj освои 8.545 гласови.

Поврзани содржини