ВНУКОТ НА АХМЕТИ ДОБИЛ И КОНЦЕСИЈА ЗА ИСКОП НА ВАРОВНИК? Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постои договор меѓу ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети

Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3.600.000 денари. Значи станува збор за фирма која што е од кланот на Ахмети и која што склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега доколку е тоа така како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн, рече Ковачки на денешната панел-дискусија.

404

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска ексклузивно на панел-дискусијата „Корупција и криминал“ објави договор за кој тврди дека е склучен помеѓу државната ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети во кој стои дека истата фирма има само еден вработен а има добиено концесија уште од претходната влада на СДС и ДУИ за ископ на варовник во вредност од 3.600.000 денари.

– Поврзано за кланот Ахмети има и нови моменти. Јас денеска ќе ги објавам. Станува збор за договор кој што го има потпишано исто така Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, што го купи трговскиот центар Соравиа за 30 милиони евра. Овде имам во мене договор со ЕСМ, значи човекот Дрин Ахмети е сопственик на фирма Еверест ЏД кој што има концесија за ископ на варовник, и таа концесија е некаде 16, 17 години и е добиена уште во времето на претходната влада на СДС и ДУИ. Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3.600.000 денари. Значи станува збор за фирма која што е од кланот на Ахмети и која што склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега доколку е тоа така како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн. Значи прилично сериозен случај како овој со купувањето на Соравиа и за кои што треба да се заинтересираа институциите – изјави Ковачки.






Ковачки ја повика ДКСК веднаш да постапи за овој случај, но и премиерот Ковачевски за да се произнесе дали знаел за случајот.

Во однос на претходните информации кои излегоа во јавноста дека фирмата на Дрин Ахмети го купува трговскиот центар „Соравија“ , Ковачки вели дека дека симптоматично е што фирма основана од пред 2 години која има основачки влог од 50.000 евра и која што работи со загуба може да го купи трговскиот центар „Соравиа“ за 30 милиони евра.

Поврзани содржини