ВНУКАТА НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ ЗА ПРВ ПАТ ДОЈДЕ ВО СРБИЈА Марија ќе присуствува на 20-годишината од смртта на нејзиниот дедо
Сега сум доволно возрасна за да можам да учествувам во сето тоа. Горда сум на мојот дедо – изјави Марија Милошевиќ.
Внуката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Марија Милошевиќ, која со својот татко Марко и семејството живее во Русија, за прв пат дојде во Србија на 20-годишнината од смртта на нејзиниот дедо.
– Дојдов овојпат по повод годишнината од смртта и убиството на мојот дедо во Хашкиот трибунал. Сега сум доволно возрасна за да можам да учествувам во сето тоа. Горда сум на мојот дедо. Тој беше вистински борец за правда и вистина – изјави Марија Милошевиќ.
Слободан Милошевиќ беше српски и југословенски политичар, кој ја водеше Србија во периодот на распадот на Југославија и војните во 1990-тите. Тој беше претседател на Србија од 1989 до 1997 година, а потоа и претседател на Сојузна Република Југославија до 2000 година, кога беше соборен по масовни протести.
Милошевиќ беше обвинет од Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војните во Босна, Хрватска и на Косово. Судскиот процес против него започна во 2002 година, но не беше завршен. Тој почина на 11 март 2006 година од срцев удар во притвор во Хаг, додека судењето сè уште траеше.
По барање на семејството беше погребан во дворот на семејната куќа во Пожаревац.
View this post on Instagram