Џасмин Џексон, внука на Мајкл Џексон, сподели драматични фотографии од нејзината глава облеана во крвта на Инстаграм, откако непозната жена ја прободела седум пати во главата, нарекувајќи ја „црнчуга“.
„Боже, заштити ги нашите црни кралици. Овие се чудни времиња и ни требаш повеќе од кога и да било“, напиша таа покрај фотографиите.
25-годишната Џасмин, исто така, споделила фотографии по медицинскиот третман на кои се гледа долга зашиена исекотина на нејзиното лице.
Нападот се случи на 30 мај во Лас Вегас, полицијата ја уапсила 22-годишната Ангела Бонел која сега е обвинета за злосторство од омраза и за обид за убиство.
News.com.au пренесува дека напаѓачката е сосетка на Џасмин, а таа опишала како изгледал нападот.
„Бев прободена седум пати пред мојата куќа „затоа што сум црнчуга“ Таа жена потрча по мене и почна да ме прободува. Ми рече дека тоа е затоа што јас сум црнчуга, тоа е сè што слушнав додека ме прободуваше. Не можам да го мрдам вратот и се плашам да бидам сама. Викав „помош“ додека таа ме бодеше, но никој не ми помогна. Подоцна неколку луѓе ми помогнаа и јас сум им благодарна за тоа. Го молам Господ, ако имате омраза во срцето кон црнците, да ја излекувате. Не го заслужив ова, никој не заслужил. И да, сѐ уште сум горда што сум црна“, напишала таа.
„Пријателката и јас бевме надвор и додека разговаравме кога одеднаш се појави оваа, почна да трча по скалите и ја прескокна оградата. Потоа таа почна да трча кон нас. Ние се раздвоивме, а јас додека трчав добив напад на астма. Замолив двајца мажи за помош, но тие не ми помогнаа. Луѓето го снимаа она што се случува, но ниту тие не помогнаа. Кога ме фати, го извади ножот и почна да ме прободува. Јас крвавев и се обидував да се борам. Конечно неколку луѓе почнаа да викаат на неа и еден маж ја оттурна. Тогаш дојдоа полицајците и ја уапсија“, раскажала Џасмин.
Мајката на Џасмина, Joh’ Vonnie е ќерка на Џо Џексон, таткото на легендарниот музичар Мајкл Џексон.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм