ВНУКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Е БРЕМЕНА Принцезата Јуџин го чека второто дете
Принцезата Јуџин, внуката на покојната кралица Елизабета Втора, го чека своето второ дете со сопругот Џек Бруксбенк.
Принцезата Јуџин, внуката на покојната кралица Елизабета Втора, го чека своето второ дете со сопругот Џек Бруксбенк, пишува „Дејли мејл“.
„Принцезата Јуџин и господинот Џек Бруксбенк со задоволство објавуваат дека ова лето го очекуваат своето второ дете“, соопшти вчера Бакингемската палата.
Јуџин и Џек се венчаа во 2018 година во Виндзор, а минатата година го добија своето прво дете, син.
Родителите на синот му го дадоа Август Филип Хок Бруксбанк.
„Семејството е воодушевено и Август со нетрпение очекува да стане постар брат“, велат од палатата.
Бебето ќе биде 13-то во редот за британскиот трон.