Внук на рабин, а закана за Нетанјаху: кој е новиот претседател на Израел?

Потомок на богатите Ашкенази кои дошле во Израел по војната, Исак Херцог ја претставува онаа левичарска елита против која Нетанјаху идеолошки се бореше, а ги преферираше Мизрахите – сиромашни Евреи дојдени од Мароко, кои долго време беа дискриминирани.

812

Исак Херцог, мекиот центар-левичар со „фини манири“, кој 15 години беше пратеник, по повеќе неуспеси конечно ќе стане претседател, пишува Тајмс оф Израел.

Избран со 87 гласа од Кнесетот, што е највисок скор во историјата, Исак Херцог ќе биде лева симетрија на десничарот Нетанјаху и можност за негово симнување од власт. Ќе го амнестира ли Херцог Нетанјаху откако ќе биде инаугуриран на 9 јули годинава?






Потомок на богатите Ашкенази кои дошле во Израел по војната, Херцог ја претставува онаа левичарска елита против која Нетанјаху идеолошки се бореше, а ги преферираше Мизрахите – сиромашни Евреи дојдени од Мароко, кои долго време беа дискриминирани.

Сината крв на Херцог

Хергоц е син на претседателот Шаим Херцог, а бил крстен по дедо му кој бил прв рабин на Израел. Толку длабоко е врзан со естаблишментот, што речиси има „сина крв“, пишува британски Гардијан.

 

И татко му, а и брат му, биле генерали во израелската војска, а тетин му најпознат дипломат во САД. Младоста ја минал како адвокат во едно од најдобрите бироа во земјата, а во политиката е од 2003-та. Во 2015 година не успеал да стане премиер, па го изгубил и лидерското столче во партијата, додека популарноста на Нетанјаху растела.

Интелектуален фер-плеј со Мириам Перец

Херцог се тркаше и ја победи најпопуарната жена и мајка во Израел – интелектуалката Мириам Перец. Перец ги има сите симпатии на десницата, откако нејзините два сина загинаа во воените конфликти во Газа и Либан и оттогаш таа држи мотиавациски говори, пишува и добива понуди од големите партии за кандидатура.

Почитта кон нејзиното дело во Израел е толку голема што самиот Херцог ја нарече Перец „израелски херој“ и “инспирација“ за сите Израелци. Се гушнаа,  а потоа таа него го нарече „сакан и достоен претседател“.

Завршува ли ерата на Нетанјаху?

По 12 години корупција и обвинувања за агресивна политика, Нетанјаху е среде големо судење за корупција во моментот. Херцог сепак, одби да им каже на новинарите дали би го амнестирал Нетанјаху.

Во својот прв говор, тој рече дека сака да „изгради мостови во израелското општество и меѓу дијаспората“. Поверојантно е дека опозицијата во земјата преговара за нова коалиција, со која би го сменила Нетанјаху. Опозицискиот лидер Јаир Лапид повеќе пати ја покажа својата накленотост кон Херцог.

Нетанјаху, од друга страна, беше внимателен кого да поддржи од претседателските кандидати. На крај, му посака среќа на Херцог, на што тој се насмеа и изјави дека „се надева дека ќе може да работи со секоја влада и со секој премиер“.

– Да не влегуваме сега во тоа – кратко возврати Нетанјаху, чија ера, според некои аналитичари, полека завршува.

Подготви: К.Г.

Поврзани содржини