Внимавајте во сообраќајот, снег има на планинските превои

Поради појава на магла, видливост на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20-50 метри.

235

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажен коловоз. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – г.п. Деве Баир, соопшти АМСМ.

Поради појава на магла, видливост на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20-50 метри.






АМСМ информира и дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поврзани содржини